Sunday, August 26, 2012

Prevrteno-Upside Down-Превртено (cel film)

Игор Иванов Изи го потврди својот авторски талент со дебитантското целовечерно играно остварување ПРЕВРТЕНО. Ова најново филмско дело ги надгради базичните вредности на прозниот текст на романот на Венко Андоновски "Папокот на светот", во смисла на визуелно доразвивање на изворните идеи кои во филмската верзија ја збогатуваат параболата за современата цивилизација во која се задушува духот на индивидуата и интимната неостварена љубов, како први кои се жртвувани на олтарот на глобализацијата. Во својата авторска режиска структура Иванов прави обопштување на феноменот на отуѓеноста во хиперреалистичкото подигање на настаните, за кои, скоро е небитно каде, во кое време и во која конкретна земја се случуваат, иако ние препознаваме некое скопско миље и некакви македонски транзициски трауми. Алтер егото на изворниот романописец и на филмскиот режисер е централниот лик на младиот бунтовник со-и-без причина Јан Лудвиг кого зрело и со модерен актерски сензибилитет го игра Милан Тоциновски. Визуелната пак димензија со апсолвирана дебитантска зрелост ја оформува и кинематограферот Томи Салковски. Накусо заклучено, ПРЕВРТЕНО ја збогатува македонската филмска уметност со својата изразно-рефлексивна многуслојност и е нов репрезент на разновидноста на најновата македонска продукција и новото кинематографско-новобрановско крило.



http://www.youtube.com/watch?v=79xpwDm4jH0&hl=en

Visit : sony bravia best loan secured

0 comments: